Дома Македонски спорт Мак фудбал Одличен Работнички, „тројка“ за Пелистер на Арената 🎥

Одличен Работнички, „тројка“ за Пелистер на Арената 🎥

Tимот на Работнички денес во првиот натпревар од 26. коло во ПМФЛ го победи Пелистер со 3:1, а според она што го видовме на теренот таа победа можеше да биде и поубедлива.

Супер расположен кај Работнички беше Марио Станковски кој постигна гол, асистираше и погоди една пречка.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Натпреварот на Арената започна со добра игра на Пелистер и неколку шанси во серија. Откако Работнички се ослободи од притисокот првата шанса беше пречката на Станковски по една одлична контра.

Ако тогаш ја погоди пречката во 22. минута Станковски го отвори резултатот за водство на домаќините. На 2:0 зголеми Ѓурѓевиќ и со тој резултат се замина на полувремето.

На самиот старт од вториот дел Работнички имаше голема шанса, но Ѓурѓевиќ не го искористи додавањето од Станковски и не погоди од идеална позиција. До 3:0 „романтичарите“ сепак дојдоа нешто подоцна кога Спирскоски погреши, а Јевтовски казна.

До крајот Пелистер не реализираше пенал, а Кочоски во финишот постигна почесен гол за конечни 3:1.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…