Дома Фудбал Одигра само четири натпревари за Барселона, а освои дури ДЕВЕТ трофеи

Одигра само четири натпревари за Барселона, а освои дури ДЕВЕТ трофеи

Во дресот на Барселона одигра само четири натпревари, а освои неверојатни девет трофеи.

Станува збор Жорди Масип, голманот кој од 2014. година го брани дресот на Барселона. Одигра само четири официјални натпревари, но за време на неговиот престој во Барселона освои дури девет трофеи, на што можат да му завидуваат многу фудбалски гиганти.

Кариерата ја започна во Маркантил како играч на теренот, но на 12-годишна возраст стана голман. Три години подоцна заврши во младинската школа на Барселона, каде што се искачи во Барса Б, за кого одигра 79 натпревари и прими 101 гол.

Во првиот тим на Барселона беше промовиран во сезоната 2014/15. Жорди Масип дебитираше за Барселона на 16.12.2014. година во Купот на кралевите против Хуеска. Натпреварот заврши со победа на Барселона од 8:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест победи во Баку, но младите македонски фудбалери останаа на 113. место

Македонија У15 го заврши експерименталниот турнир на ФИФА со шест победи на десет натпрева…