Дома Фудбал Одговорот на Реал за Варан: Нов договор со двојно поголема плата!

Одговорот на Реал за Варан: Нов договор со двојно поголема плата!

Французинот ќе добие предлог за потпишување на нов договор.

Долго време во медиумите се пишува за Рафаел Варан, а се појавија и информации дека тој побарал од раководството на клубот да биде продаден во летниот преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно тој се заситил од играњето во Реал и смета дека не е доволно почитуван. Поради ова во Мадрид одлучиле да ги земат работите во свои раце и на Варан му спремиле нов договор за да го убедат да остане на „Бернабеу“.

Според информациите на „Ас“ Флорентино Перез пред Варан ќе стави нов петгодишен договор со кој примањата на фудбалерот би се зголемиле за 50%.

Во овој момент тој заработува 5.8 милиони евра по сезона и е помеѓу најмалку платените ѕвезди на тимот.

Сега доколку се обврзе на верност верност до летото 2024 година неговата заробатка би пораснала на девет милиони евра. Перез и неговите соработници веруваат дека таа сума би била доволна да се убеди Варан да не го напушти клубот.

Во Реал секако планираа наредното лето да го повикаат Варан на потпис на нов договор бидејќи сегашниот му има важност до 2022 година. Меѓутоа неговото незадоволство и интересот од Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен кои без проблем би ги исполниле неговите барања го натерале Перез на брза реакција.

Ако доколку Варан ја одбие понудата и остане на ставот да си замине во Реал сигурно добро ќе заработат, а таа сума би можеле да ја искористат за доведување на Калид Кулибали од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…