Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе игра на второ европско првенство во низа, одбојкарите изборија пласман на ново ЕП на турнирот кој се одржа во Скопје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес претседателот на Одбојкарската Федерација на Македонија се заблагодари на поддршката и порача дека очекува одбојкарите да добијат иста премија како и фудбалерите за пласманот на ЕП.
„Би сакал да се обратам до Владата, ако сме рамноправни спортисти со сите, би сакал и одбојкарите да ја добијат истата награда како фудбалерите за пласман на ЕП“, изјави претседателот Петар Јовановски на денешната средба.