Роберто Карлос сигурно е еден од најдобрите леви векови во историјата на фудбалот.
Карлос неговите најдобри денови ги помина во Реал Мадрид каде што освои се што можеше да се освои. Со многу успех играше и во дресот на Бразил. Заштитен знак на Карлос беше неговиот силен удар кој беше страв и трепет за голманите, но и одбранбените играчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На социјалните мрежи Карлес Пујол се потсети на еден момент кога од гол-линијата во натпреварот помеѓу Барса и Реал со глава спречува гол на Карлос.
„Друже, за малку ќе ме оставеше без глава тогаш“, напиша Пујол под видеото.