Дома Фудбал Италија Овој човек тврди: Јас сум единствениот кој го победил Раиола!

Овој човек тврди: Јас сум единствениот кој го победил Раиола!

raiola

Контроверзниот менаџер Мино Раиола е задолжен за кариерите на голем број познати фудбалери.

Со холандско-италијанскиот менаџер соработуваат фудбалери како Златан Ибрахимовиќ, Ромелу Лукаку, Џанлуиџи Донарума…Раиола е познат по тоа што секогаш за своите клиенти го добива тоа што го посакува и дека скоро од сите битки излегува како победник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак поранешниот спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели тврди дека е единствениот во историјата кој го победил Мино Раиола.

Мирабели работеше во Милан кога голманот Џанлуиџи Донарума го продолжи договорот до 2017 година и кога Раиола се закануваше дека ќе го одведе младиот голман некаде на друго место.

„Новиот договор за Донарума беше маестрално одработен план. Не плативме ниту цент како оштета за Раиола“, изјави Мирабели и додаде:

„Во последниот ден од преговорите се сретнавме со Џиџи, неговото семејство и Раиола. Мино во еден момент му кажа: Не потпишувај заминуваме…Џиџи не отиде со него туку одлучи да го земе пенкалото и да потпише договор. Го победив Раиола и сметам дека сум единствениот, тешко дека ќе му успее уште на некој во иднина“.

„Сите се прашуваа зошто Донарума пишуваше некои работи на друштвените мрежи, а потоа ги бришеше. Одговорот е едноставен: Раиола го тераше на такви работи, но јас успевав да го убедам да ги избрише“, се пофали Мирабели.

Мирабели отказот во Милан го доби минатата година и од тогаш е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потврдено: Дејвид Мојс заминува од Вест Хем

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од с…