Вечно повредениот Томас Вермален конечно заигра за Барселона.
Вермален во Барселона пристигна од Арсенал, но имаше големи проблеми со повредите, а од неговиот последен натпревар за Каталонците помина една огдина, седум месеци и 12 дена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгискиот дефанзивец во текот на целата кариера се мачи со повредите, сега на теренот се врати и заигра во купот против Мурсија, натпревар кој Барселона го доби со 3:0. Претходно тој настапи на „Камп Ноу“ на 12 март 2016 година во победата на Барселона од 6:0.
Од тој натпревар до вчерашниот Вермален заработи пет милиони евра, иако клубот не го користеше поради лошата форма и повредите, но и во минатата сезона беше испратен на позајмица во Рома.
Вермален како што кажавме во Барселона пристигна од Арсенал во 2014 година за сума од 10 милиони евра. Во својата прва сезона на „Камп Ноу“ одигра тој одигра еден натпревар, а во својата втора 20.