Она што го работи младиот норвешки напаѓач Ерлинг Холанд оваа сезона во дресот на Ред Бул Салзбург е за рубриката верувале или не.
Норвежанецот се прослави со игрите во ЛШ, каде постигна дури седум погодоци на четири натпревари, но многумина не знаат за она што го работи во австријската Бундеслига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој пред вчерашниот натпревар против Волфсберг на своето конто имаше 12 погодоци на 11 натрпевари, но тоа не му беше доволно и постигна нов хет-трик.
Ова му беше петти пат оваа сезона да постигне барем три гола на натпревар со што дојде до цифрата од 15 погодоци на 12 натпревари во Бундеслигата.
Вкупно, Холанд оваа сезона во сите натпреварувања одигра 18 натпревари и постигна 26 погодоци, постигнување кое во модерниот фудбал ретко може да се види.
Вчера Холанд погоди во 4., 76. и 88. минута и на тој начин својот тим го зацврсти на првата позиција. Салзбург сега има 38 бода после 14 одиграни натпревари.
Инаку, Холанд има само 19 години, а се шпекулира дека Салзбург уште сега за него бара 100 милиони евра.