Дома Фудбал Германија Ова е срамно: Хрватот буквално го украде хет-трикот на неговиот соиграч! (ВИДЕО)

Ова е срамно: Хрватот буквално го украде хет-трикот на неговиот соиграч! (ВИДЕО)

kramaric

Фудбалерите на Хофенхајм вчера на свој терен го победија Баер Леверкузен со резултат 4:1 во рамките од 27-то коло во германската Бундес лига.

Хофенхајм лесно стигна до победата во дербито на ова коло иако се очекуваше Леверкузен да пружи посилен отпор. Домаќините така победија со 4:1, а посебно расположен беше Исак Белфодил кој постигна два гола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Белфодил беше на милиметар од хет-трик во финишот од сезоната, но се му расипа соиграчот Андреј Крамариќ.

Белфодил се одлично направи, го помина голманот и шутираше кон голот, но тогаш на линијата Крамариќ ја допре топката и постигна гол. Кога го забележа тоа Белфодил по неговиот израз на лицето можеше да се види дека е разочаран.

Соиграчите му честитаа на Белфодил, но на крајот се покажа дека голот сепак го постигнал Крамариќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…