Дома Фудбал Останато Ова е планот на Погба да си замине од Јунајтед, навивачите задоволни

Ова е планот на Погба да си замине од Јунајтед, навивачите задоволни

Пол Погба нема да се откаже.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само ова е сигурно по летото во кое не успеа во намерата да го напушти Манчестер Јунајтед. Имено, Французинот одбил да разговара за нов договор, објасни дека не ја променил одлуката и дека нема намера да остане во клубот, па јасно е дека Јунајтед мора да го продаде следното лето. Или, како што се надева Погба, трансферот би можел да се случи уште во јануари.

Имено, неговата проценка е дека Јунајтед ќе биде далеку од важните работи, особено што веќе почнува да делува како транзициона сезона и дека клубот со евентуално доведување на Џејдон Санчо би можел да стане поприемвлив за понудите на Реал или Јувентус уште во јануари. Што се однесува на Реал, клучното прашање е дали Зидан ќе остане на клупата, ако се врати Мурињо, како што се шпекулира, на Погба вратата му е затворена.

Што се однесува на Јувентус, се надеваат дека ќе успеат во тоа што не успеаа летово, ќе се ослободат од неколку играчи, најверојатно Дијабала и Манџукиќ кои имаат понуди што би можело да значи дека Јувентус има пари за враќање на Французинот. Тој само се грижи да си замине од Јунајтед, а како што игра оваа сезона, како и минатата, изгледа дека никој нема да жали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто швајцарскиот селектор одеднаш ја смени маицата на почетокот на натпреварот?

Швајцарија со победата против Канада од 2:1 го обезбеди првото место во групата и пласмано…