Дома Фудбал Ова е единствениот гол на Панчев во дресот на Интер (ВИДЕО)

Ова е единствениот гол на Панчев во дресот на Интер (ВИДЕО)

За настапите на Дарко Панчев во дресот на Црвена Звезда многу се знае, Панчев во Звезда изгради име на еден од најдобрите светски напаѓачи, но што се случи кога отиде во Интер?

Панчев во Звезда играше фантастично, а тимот имаше големи успеси. Во 1992 македонската фудбалска легенда ја напушти Звезда и кариерата ја продолжи во Интер, во тоа време имаше и понуди од други клубови меѓу кои и Манчестер Јунајтед. Сепак, Серија А во тоа време беше најсилна лига, па Панчев се реши да се проба во Италија.

Кога гледаме од денешена преспектива тој негов трансфер беше грешка затоа што во Интер Панчев одигра само 12 натпревари и постигна еден единствен гол на официјалните натпревари.

Голот на Панчев за Интер:

Секако и вака кариерата на Панчев е голема, а што ќе се случеше ако се решеше за понудата на Манчестер Јунајтед или некој друг клуб можеме само да претпоставуваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ја фати топката, па си даде автогол: Скапа финта на голман во Аргентина (ВИДЕО)

Езекиел Бахер се обиде да измами со додавање од рака, но топката му заврши во сопствената …