Иако овие денови многу се шпекулираше дека Мурињо би можело да ги доведе Нејмар, Бејл или Роналдо, ниту еден од споменатите играчи не е на списокот на желби на Португалецот, а на него се наоѓа еден од најталентираните млади фудбалери во светот.
Иако на трансферите на двајца играчи (Фред и Далот) потрошија речиси 100 милиони евра, Манчестер Јунајтед изгледа дека само што започна да го прави тимот за следната сезона. И понатаму на Португалецот први желби се левиот бек на Тотенхем, Тоби Алдервилд и дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро. Меѓуота и со едниот и со другиот трансфер ќе има проблем. Тотенхем за својот бек бара 90 милиони, додека Јувентус не сака да го продаде Сандро додека не пронајде замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа за Мурињо се отвори уште една и тоа како добра опција. Доколку дојде до проблем со финансискиот фер плеј, ПСЖ ќе биде принуден да го продаде Мбапе, а новинарите во Франција пишуваат дека се споменува дека Парижаните ќе се согласат на понута од 180 милиони евра + Марсијал.
Мбапе зад себе има солидна сезона. Се зборува дека бил незадоволен поради односот во екипата, што би можело да биде уште една причина за овој трансфер.