Фабио Кваљарела доживува втора фудбалска младост со полни 36 години и сигурно чекори кон титулата најдобар стрелец во Серија А.
Кваљарела игра одлично во дресот на Сампдорија, но изгледа би можел да се врати во Наполи што секако за овој искусен напаѓач би било исполнување на соништата.
Никогаш Кваљaрела не ја криеше љубовта кон Наполи, а кога заигра за овој клуб стана херој на навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кваљарела стана првиот играч на Наполи после легендарниот Марадона на кој навивачите му посветија песна, но само една година после доаѓањето на „Сан Паоло“ во 2010 година мораше да замине.
Морал да замине затоа што поминувал низ теша ситуација, за тоа јавноста дозна неколку години подоцона.
Сепак, сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис порача дека клубот сака да го врати Кваљарела во своите редови.
„Мислам дека заслужува прилика. Парите сигурно не би биле важни за него, а ниту за нас. Тоа би било романтично решение за крај на неговата кариера во Наполи после се што му се случуваше минатиот пат“, изјави Де Лаурентис.
Кваљарела минатото зимо го продолжи договорот со Сампдорија до летото 2020 година, но нема сомневање дека трансфер во Наполи би била совршена прилика за италијанскиот ветеран.