Германскиот гигант, Баерн Минхен би можел новото засилување да го доведе од редовите на ПСЖ.
Според пишувањето на германските медиуми, Баерн е заинтересиран за голманот на ПСЖ, Кевин Трап.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Трап падна во втор план на „Паркот на принцовите“, оваа сезона настапи само на два натпревари, па јасно е дека би можел да ја промени средината доколку сака да се најде на списокот на Јоаким Лев за Мундијалот во Русија.
Во Баерн би можел да добие одлична шанса да се наметне кај Лев, бидејќи Баерн во овој момент има големи проблеми со голманите, поради тешката повреда на Мануел Ноер.
Во овој Јуп Хејнкес на располагање ги има само Свен Улрих, ветеранот Том Старке и младиот Кристиан Фрутл, па јасно е дека во јануари ќе се обидат да доведат квалитетен голман.
Трап би бил одличен избор, додека не се врати Ноер, а останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата во наредниот период.