Атлетико Мадрид го победи Јувентус во осминафиналето од Лигата на Европа во првиот натпревар од двомечот со 2:0.
Јувентус е во тешка позиција пред гостувањето на „јорганџиите“ во Торино и на „старата дама“ ќе и биде тешко да ја надополни негативата против цврст тим како Атлетико.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Диего Симеоне има поврзаност со Интер и тоа е добро познато како и неговиот карактер, па сигурно дека за него оваа победа над италијанскиот шампион има посебно значење.
Аргентинскиот стратег првиот погодок на Атлетико го прослави навистина еуфорично, но направи и еден неспортски гест. Симеоне погодокот на Хименез со прослави со фаќање за меѓуножјето. После натпреварот објасни дека тоа не било провокација кон противникот, туку дека сакал да покаже дека неговиот тим има му*а.
Con estos juegan nuestros jugadores, con estos somos grandes, con estos no nos gana nadie.
Grande @Simeone
Grande @Atleti
Grande #aficion
ENORMES LOS COJONES DE NUESTRO EQUIPO Y ENTRENADOR!!! pic.twitter.com/i52rCjqbus— Tercios Rojiblancos (@TerciosRojiblan) February 20, 2019
„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто…Толку се боревме. Диего Коста се бораеше, а не беше целосно спремен. Морав да покажам како се чуствувам…Можам само да се извинам ако навредив некого, но го направив тоа од срце“, изјави Симеоне после натпреварот.
Меѓутоа и покрај оваа негова изјава УЕФА отвори дисциплинска постапка против Симеоне и многу лесно би можело да се случи да биде суспендиран и да не биде во можност да го води Атлетико на реваншот во Торино.
Реваншот во Торино се игра на 12-ти март во Торино.