Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека во еден момент Антоан Гризман ќе го напушти клубот.
Веќе се со месеци се шпекулира за можен трансфер на Французинот, а како наредни дестинации се споменуваат Манчестер Јунајтед и Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Симеоне ситуацијата на Гризман ја спореди со онаа на Арда Туран и Диего Коста.
„Многу ги сакам своите играчи, сакам да гледам како се развиваат. Но, доколку играчот дојде и ми каже дека има желба да премине во некој клуб, ќе му одговорам дека нема проблем. Знам дека е потребно фудбалерите да напредуваат. Секако дека Гризман може да замине во еден момент“, изјави Симеоне.