Aрсенал вчера направи одличен потег со доведувањето на Томас Парти од Атлетико Мадрид.
Навивачите на Арсенал во текот на целиот ден очекуваа овој трансфер да биде официјалзииран, трансферот беше потврден некаде околу полноќ. Тоа значи дека Арсенал комплетната документација ја завршил буквално во самиот финиш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега шпанските медиуми објавија информација која ги потврдува ваквите претпоставки.
Имено, Арсенал откупната клазула на Парти ја активирал на само 32 минути пред затварањето на преодниот рок, односно точно во 23:28.
Ваквиот потег на Арсенал го налутил Симеоне кој сметал дека ќе го има Парти во текот на сезоната.