Енис Барди и Леванте во вчерашниот натпревар славеа победа против тимот на Леганес, а тоа значеше, овој пораз значеше и отказ за стратегот на Леванте.
Асиер Гаритано после пет години повеќе не е тренер на Леганес, потврди денес шпанскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересно е што Леганес оваа сезона го исфрли Реал Мадрид од шпанскиот куп и се наоѓа на 17 место со веќе изборен опстанок во Ла Лига, но сепак ниту тоа не беше доволно.
Клубот соопшти дека Гаритано си заминува на крајот од сезоната.
Треба да се додаде и дека Гаритано седна на клупата на овој клуб кога се натпреваруваа во третата шпанска лига и успеа да ги доведе до елитата.
Гаритано во текот на утрешниот ден ќе одржи конференција на која ќе се прости од навивачите и клуб, а во сабота за последен пат ќе го води клубот пред домашните навивачи во натпреварот против Бетис.