Дома Фудбал Обамејанг за Арсенал: Сега сите сме задоволни

Обамејанг за Арсенал: Сега сите сме задоволни

Напаѓачот на Барселона, Пјер Емерик Обамејанг даде интересен коментар за својот бивши клуб Арсенал.

32-годишниот напаѓач истакна дека двете страни се задоволни после разделбата во јануари.

„Најважно е дека сега сите сме задоволни. Тоа беа добри времиња кои никогаш нема да ги заборавам“, изјави Обамејанг.

Обамејанг беше капитен на Арсенал, но му беше одземена лентата во декември и беше исврлен од тимот поради дисциплински мерки.

Габонецот во јануари го раскина договорот со „топџиите“ и како слободен агент потпиша за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…