Дома Фудбал Обамејанг: Ќе дадам се од себе Барселона да биде успешна

Обамејанг: Ќе дадам се од себе Барселона да биде успешна

Барселона денес го потврди трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг иако Габонецот уште вчера тренираше со клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Обамејанг во Барселона доаѓа како слободен играч откако го раскина договорот со Арсенал кој според најавите ќе му плати сума од осум милиони евра за предвремениот прекин на соработката.

Со Барселона Обамејанг потпиша договор до 2025, но во него има опција да биде прекинат и летото 2023. Освен тоа Каталонците вметнаа и откупна клазула во износ од 100 милиони евра. По потврдата за трансферот Обамејанг за клупскиот сајт ја даде и првата изјава.

„Среќен сум што ќе играм за Барселона. Ќе дадам се од себе да помогнам тимот да биде успешен“, изјави Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…