Дома Трансфер зона Обамејанг прави шокантен трансфер во големиот ривал на Арсенал

Обамејанг прави шокантен трансфер во големиот ривал на Арсенал

Обамејанг на крајот од сезоната би можел да го напушти лондонски Арсенал.

Габонецот со Топџиите има договор уште една година, но јасно е дека не е многу среќен на Емирати. Обамејанг со доаѓањето во Арсенал очекуваше дека клубот ќе се бори за трофеи, но тоа не е случај.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсенал следната сезона веројатно нема да игра во Европа, па кај напаѓачот се вклучи алармот дека нешто мора да се менува. Веќе од поодамна се шпекулира дека сака да замине бидејќи одби да го продолжи договорот.

Обамејаг се поврзуваше со неколку европски клубови, но „Телеграф“ ги изненади навивачите на Арсенал со својата објава. Имено, тие тврдат дека е можно Габонецот следната сезона да го гледаме во дресот на Ливерпул.

Наводно, Јирген Клоп сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Обамејанг на „Енфилд“. Цената на напаѓачот нема да биде висока бидејќи влезе во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…