Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема да стави потпис на нов договор и сака што побрзо да ја промени средината.
Надежите на клубот беа дека со доаѓањето на Микел Артета за менаџер, Обамјенг би сакал да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, англиските медиуми ги негираат ваквите тврдења и информираат дека Африканецот веќе донел одлука да си замине од „Емирати“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот ги „замрзнал“ преговорите со клубот, а неговите агенти го известиле раководството дека напаѓачот сака да си замине уште во јануари.
Габонецот оваа сезона е најдобар играч на „топџиите“ и во 24 натпревари во сите натпреварувања постигна 15 гола.
JUST IN:
— Fancy Di Maria (@FancyDiMaria) December 30, 2019
Aubameyang’s representatives have made it very clear to Arsenal that their client wants to leave the club in January #AFC pic.twitter.com/kMyTeEwUT6