Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема да стави потпис на нов договор и сака што побрзо да ја промени средината.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Надежите на клубот беа дека со веста за потенцијалното назначување на Микел Артета за менаџер, Обамјенг би сакал да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, англиските медиуми ги негираат ваквите тврдења и информираат дека Африкамецот веќе донел одлука да си замине од „Емирати“.
Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот ги „замрзнал“ преговорите со клубот, особено после лошата сезона на „топџиите“.
Африканецот на лето најверојатно ќе ја промени средината бидејќи сака нов предизвик во кариерата, а за неговиот потпис ќе се борат Реал Мадрид и Барселона.