Дома Фудбал Англија Обамејанг може да го напушти Арсенал и да го засили големиот ривал

Обамејанг може да го напушти Арсенал и да го засили големиот ривал

Обамејанг на крајот од сезоната би можел да го напушти лондонски Арсенал.

Габонецот со Топџиите има договор уште една година, но јасно е дека не е многу среќен на Емирати. Обамејанг со доаѓањето во Арсенал очекуваше дека клубот ќе се бори за трофеи, но тоа не е случај.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсенал следната сезона веројатно нема да игра во Европа, па кај напаѓачот се вклучи алармот дека нешто мора да се менува. Веќе од поодамна се шпекулира дека сака да замине, а веќе еднаш одбил и продолжување на договорот.

Обамејаг се поврзуваше со неколку европски клубови, но денеска Телеграф ги изненади навивачите на Арсенал со својата објава. Имено, тие тврдат дека е можно Габонецот следната сезона да го гледаме во дресот на Ливерпул.

Наводно, Јирген Клоп нема ништо против тоа Обамејанг да дојде во Ливерпул доколку Арсенал не бара многу пари. Сигурно е дека ќе биде одлично засилување за Црвените, но дали Арсенал ќе ја пушти својата најголема ѕвезда во ривалски клуб останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…