Многу големи ѕвезди на Арсенал сакаат да го напуштат клубот бидејќи не се задоволни од ситуацијата, пренесува британски „Индепендент“.
Истиот извор пишува дека помеѓу првите кои сакаат да си заминат е Пјер Емерик Обамејанг, но најголем проблем е што тоа сакаат да го направат и други првотимци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После смената на тренерот играчите на Арсенал се свесни дека работите не одат во добра насока и сметаат дека клубот не е сериозен. Откако се најави дека Артета ќе биде нов тренер желба да си заминат покаѓале Озил, Лаказет и Џака.
Сите во Арсенал дојдоа со намера да се борат за трофеи, но „топџиите“ во овој момент се наоѓаат на 10-та позиција и тешко дека ќе изборат пласман во Лигата на шампиони.
Новиот тренер, Артета е спремен да се откаже од споменатите тројца фудбалери, но ќе направи се што е во негова моќ да го задржи Обмејанг.