Дома Фудбал Англија Обамејанг има посебно барање до Емери: „Тоа мораш да го направиш“

Обамејанг има посебно барање до Емери: „Тоа мораш да го направиш“

Фудбалерите на Арсенал не ја отворија сезоната на најдобар можен начин бидејќи минатиот викенд беа поразени на домашен терен од Манчестер Сити со 2:0.

Актуелниот англиски првак полесно од очекувањата успеа да дојде до победа и први бодови во сезоната, додека од друга страна во Арсенал не можеа да бидат задоволни со играта на теренот. Од Топџиите оваа сезона се очекува многу, а најголемиот притисок е врз Емери кој го презема Арсенал после 22-годишната ера на Арсен Венгер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сигурно дека во Арсенал најмногу се очекува од Обамејанг, кој на почетокот од годината стигна како големо засилување од Дортмунд. Обамејанг е прв избор на шпанскиот стручњак иако на клупата го има и Лаказет. После натпреварот против Сити Обамејанг имаше интересен предлог за својот тренер.

„Би сакал Лаказет да игра со мене во врвот на нападот. Имаме добар однос и тоа е она кое му е потребно на двајца напаѓачи за соработка. Против Сити бевме опасни кога игравме двајца и се надевам дека тоа го забележа Емери. Мислам дека тренерот мора и двајцата да не стави во почетниот тим.“ – изјави Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…