Дома Фудбал Обамејанг дојде во Челзи поради Тухел, па сега е „лузер на годината“

Обамејанг дојде во Челзи поради Тухел, па сега е „лузер на годината“

Пјер Емерик Обамејанг одлучи во последниот ден од преодниот рок да ја напушти Барселона и да се пресели во Челзи.

Главната причина за овој трансфер беше Томас Тухел, кој силно го посакуваше Габонецот во своите редови.

Обамејанг сакаше повторно да соработува со Тухел, со кого имаше одлична соработка во Борусија Дортмунд, па се согласи да дојде во Челзи.

Меѓутоа, Обамејанг одигра само 59 минути под водство на Тухел, па денес германскиот стратег доби отказ.

Сега ќе видиме какви планови ќе има новииот тренер, но Обамејанг на социјалните мрежи веќе го доби епитетот „лузер на годината“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик го остави Бруно на клупа по јавните критики за тактиката!

Фернандеш не е стартер против Борнмут, откако ја доведе во прашање тактиката при поразот о…