Дома Топ вести Обамејанг го избра новиот клуб – се сели во Италија

Обамејанг го избра новиот клуб – се сели во Италија

Италијанскиот гигант Интер е фаворит да го привлече напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, доколку Лаутаро Мартинез ја напушти Барселона летово, пренесува „Ле10Спорт“.

Габонецот ги прекина преговорите со Арсенал за нов договор и го извести раководството дека сака да ја промени средината. Неговиот договор истекува во 2021 година, па „топџиите“ ќе мора да го продадат ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа неговата цена ќе падне драстично и ќе биде далеку од 63 милиони евра што „топџиите“ ги платија на Борусија Дортмунд во јануари 2018 година.

Обамејанг се сметаше и за потенцијална цел на Реал Мадрид, но на лето ќе наполни 31 година, па „кралевите“ не сакаат да купуваат играчи над 30 години.

Од друга страна Интер верува дека Обамејанг ќе биде идеален партнер во нападот за Ромелу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…