Дома Фудбал Обамејанг: Барселона е мојата животна шанса

Обамејанг: Барселона е мојата животна шанса

Барселона денес официјално го претстави Пјер Емерик Обамејанг кој пристигна како слободен играч откако го раскина договорот со Арсенал.

Обамејанг не ја криеше радоста што потпиша за Барселона и изјави дека нема трпение да заигра за каталонскиот гигант.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Барселона е мојата животна шанса. На утро немам трпение да се разбудам и да дојдам во тренинг центарот. Од дете сонував да играм во Шпанија. Откако пристигна понудата не мислев ниту две минути, веднаш ја прифатив“, изјави Обамејанг.

„Немам играно подолго време, но наскоро ќе бидам целосно спремен. „Зборував со Чави, и тој ми кажа дека ме планира како централен напаѓач. Подготвен сум да одговорам на предизвикот, на која позиција и да играм“.

„За мене сега е шанса да ја освојам Лигата на шампиони.Се гледам себе си како ја освојувам со Барселона. Ова е голем клуб и треба да атакува на секој троофеј“, додаде 32-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …