Дома Фудбал Италија Ноќната мора за Марко Пјаца продолжува во Фиорентина

Ноќната мора за Марко Пјаца продолжува во Фиорентина

Хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца никако да влезе во својата стара форма во која го гледавме додека играше во Динамо.

Пјаца летото 2016. година во голем трансфер премина во Јувентус за 23 милиони евра, но не успеа да се наметне кај Алегри. Откако доживеа тешка повреда Пјаца никако да се врати во старата форма, а и на позајмицата не му оди како што треба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходната сезона овој фудбалер играше во Шалке, каде добро тргна, но како одминуваше сезоната играше се помалку натпревари. Летоска Јувентус го испрати на позајмица во Фиорентина, но ниту во Фиренца не му оди најдобро. Пјаца никако да влезе во форма, а очигледно во овој клуб нема да имаат трпение да го чекаат.

Откако Шалке одби да го откупи неговиот договор се чини дека тоа ќе го направи и Фиорентина. Има можност клубот од Фиренца да го врати назад во Торино уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неочекувани проблеми за Баерн. Новиот тренер мора да го купат за 15 милиони евра

Австрискиот тренер Ралф Рангник (65) е главен кандидат за преземање на Баерн. Томас Тухел …