Реал Мадрид го победи Баерн со 2:1 во неверојатниот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите и со вкупни 4:3 се пласираше во финалето каде на 1 јуни на Вембли ќе се соочи со Борусија Дортмунд.
Баерн поведе со голот на Алфонсо Дејвис во 68. минута, а Реал направи пресврт со головите на Хоселу во 88. и 91. минута.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реал беше подобриот тим на теренот на Сантијаго Бернабеу, па голманот на Баерн, Мануел Нојер (38) имаше многу работа. Тој го спасуваше својот тим до 88. минута, а потоа направи кардинална грешка.
Нојер по натпреварот даде изјава за DAZN. „Секој кој играл фудбал знае како се чувствувам во моментов. Јас сум без зборови, рече капитенот на Баерн.