Дома Фудбал Лига на шампиони Норвешкото „чудо од дете“ сам има повеќе голови од Барса, Реал, Интер…

Норвешкото „чудо од дете“ сам има повеќе голови од Барса, Реал, Интер…

Фудбалерите на Салзбург вчера беа поразени на свој терен од Наполи во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Наполи однесе победа со 2:3, а двата гола за домаќините беа дело на момчето кое во последно време ја воодушевува фудбалска Европа, Ерлинг Халанд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Халанд со своите два гола стигна до бројката од шест гола во Лигата на шампионите и така го сруши рекордот на легендарниот Дидие Дрогба.

Само за споредба, Норвежанецот во моментов има постигнато повеќе голови од Мбапе (3), Меси (1) и Роналдо (1) заедно. Халанд самиот има постигнато повеќе погодоци во ЛШ од Атлетико Мадрид (5), Интер (4),  Барселона (4), Челзи (3), Реал Мадрид (3)…

Тинејџерот блеска на сите полиња оваа сезона, уште не е ни ноември, а веќе има 20 гола на своето конто, во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…