Дома Топ вести НОВ ЈУВЕНТУС: За 230 милиони во Торино пристигнуваат 7 нови играчи

НОВ ЈУВЕНТУС: За 230 милиони во Торино пристигнуваат 7 нови играчи

juventus

Италијанските медиуми пишуваат за плановите на Јувентус во трансфер периодот.

Медиумите во Италија јавуваат дека Јуве на засилувања ќе потроши околу 230 милиони евра. Имено, Алегри одлучи целосно да го подмлади тимот, па со играчите кои веќе си заминаја, клубот може да го напуштат и Кедира и Игуаин. Јувентус веќе ги доведе Емре Чан, Матиа Калдара, Спиназолу и само е прашање кога Матео Дармијан ќе потпише договор… Но, ова не е крајот…


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Јуве имено би можел да го откупи договорот на Даглас Коста. Мехди Бенатија би можел да го напушти клубот, а Алегри замената за него ја гледа во Хименес од Атлетико за кој ќе мора да плати околу 50 милиони евра. Се појавија информации дека Манџукиќ сепак ќе остане, но дека ќе си замине Игуаин, па така Јуве би сакал да го врати Мората.

Изгледа дека нема ништо од Милинковиќ-Савиќ и Погба, како што сега се пишува, најреална опција за Јувентус сега би бил Матео Ковачиќ. На клубот исто така се нуди и Артуро Видал, но тие не се сигурни дека Чилеанецот би бил добро решение.

Доколку работите се поклопат, вака би можел да изгледа новиот Јувентус:

Шчезни
Дармиан, Хименес, Калдара, Сандро
Чан, Пјаниќ (Ковачиќ), Матуиди
Коста, Мората, Диабала

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …