Дома Топ вести Нов „ШОК“ од Англија – Санчез побара дозвола за трансфер!

Нов „ШОК“ од Англија – Санчез побара дозвола за трансфер!

„Трката“ може да започне!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денешниот ден донесе огромни изненадувања на трансфер пазарот, а така и завршува. Алексис Санчез испрати официјално барање до Арсенал за дозвола да го напушти клубот.

Санчез веројатно е разочаран од високиот пораз во натпреварот против Ливерпул, па не сака да ја одработи и последната година од договорот, па ќе се обиде да ја убеди управата на Арсенал да го пушти до крајот на преодниот рок.

Манчестер Сити со „раширени раце“ го чека Санчез, додека ПСЖ веќе го донесе Мбапе па веројатно нема намера да го уфрли Санчез и во онака пеколниот напад.

И Гвардиола располага со голем број на офанзивци, но место за Санчез секако дека може да најде. Фудбалерот е незадоволен и испрати барање за трансфер, па тоа би можело да придонесе за намалување на неговата цена.

Значи, „трката“ може да започне, иако изгледа дека како сериозен кандидат би имало само еден клуб, но да почекаме уште малку, веќе бевме сведоци на големи пресврти ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…