Фудбалерот на Нотингем Форест, Бренан Џонсон стана нов рекордер во Премиер лигата.
На последниот натпревар за својот тим Џонсон истрча спринт со брзина од 36.7 километри на час. Со оваа брзина Џонсон за една десетинка го сруши рекордот на Михајло Мудрик кој во јануаир против Ливерпул истрча спринт со брзина од 36.6 километри на час.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зад Џонсон и Мудрик на третото и четвртото место се наоѓаат Ентони Гордон од Евертон и Дарвин Нуњез од Ливерпул. Во топ 10 се уште: Ерлинг Халанд, Матеус Нуњеш, Денис Закарија, Рис Нелсон, Киеран Тирни и Габриел Мартинели.