Златан Ибрахимовиќ преговара и тоа со Наполи.
Имено, Аурелио Ди Лаурентис е спремен да ја исполни желбата на Анчелоти и да ја доведе големата фудбалска ѕвезда, Ибра сака да покаже дека и во практично последната сезона на својата кариера може да игра на врвно ниво. Договорот не е блиску, поради парите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, како што пишува „Газета дело Спорт“, барањата на Швеѓанецот се јасни, договор на 18 месеци, вреден 5 милиони по сезона, вкупно 7.5, толку има за година во МЛС лигата. Меѓутоа, понудата на Наполи е скромна, милион и пол до лето и можност за продолжување за сезона, ако Ибра одигра добро, би добил 3 милиони во следниот шампионат.
Разликата е голема, но Раиола се обидува да најде договр, Де Лаурентис изјави дека доколку Ибра сака во Наполи, ќе ја прифати понудата на клубот…