Како што пренесува германскиот „Kicker“, Манчестер Јунајтед има нова мета, фудбалерот на Борусија Дортмунд, Сократис.
Грчкиот стопер има 29 години и не е во најдобра форма оваа сезона, за тоа сведочат и многуте примени голови на Дортмунд во сите натпреварувања, нивната одбрана не е на највисоко ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Жозе Мурињо ги знае квалитетите на овој фудбалер, но се поставува прашањето дали Сократис би бил во првиот план кога ќе пристигне на „Олд Трафорд“.
Договорот на Сократис истекува на крајот од следната сезона и Мурињо ќе оди на таа карта. Дортмунд би морал да го продаде ова лето доколку сака да заработи пари од неговиот трансфер..