Јувентус му прости на Леонардо Бонучи за „предавството“ и трансферот во Милан, па после само една година се врати во Торино.
Бонучи и после враќањето покажа колку е важен за тимот на „бјанконерите“, па раководството реши да му понуди нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бонучи оваа сезона во отсуство на Киелини е лидер на одбраната, па без него одбраната на „бјанконерите“ е просто незамислива.
32-годишниот Италијанец денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „старата дама“ до 2024 година.
Бонучи со новиот договор доби зголемување на актуелната плата, но точната висина не се обелоденува.