Дома Трансфер зона Нов дефанзивец, нов рекорд – Гвардиола создава одбрана „злато вредна“!

Нов дефанзивец, нов рекорд – Гвардиола создава одбрана „злато вредна“!

„Л’Екип“ пренесува дека работата е завршена.

Александар Коларов замина, а Манчестер Сити повеќе нема време да чека. „Л’Екип“ пренесува дека на адреса на Монако пристигнала понуда од 57.5 милиони евра за Менди, а тоа значи дека „граѓаните“ ќе го срушат рекордот на Кајл Вокер кој ова лето пристигна во Сити за 57 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа значи дека Сити ќе ги има трите најскапи дефанзивци во историјата, Џон Стоунс беше платен 55 милиони евра, а вреди и да се истакне дека англискиот клуб има намера за Бразилецот Данило од Реал да понуди сума од 30 милиони евра.

Според информациите на реномираниот француски медиуми, се очекува Менди во наредните два дена да потпише договор со клубот од Премиер лигата. Најавите за заминување на Менди беа „подгреани“ кога фудбалерот не беше во составот на Леонардо Жардим за пријателскиот натпревар против Спортинг.

Иначе, се споменува дека Монако претходно одбил две понуди од „граѓаните“ и тоа 50 милиони евра, па 55 милиони, а на крајот веројатно ќе се договорат за рекордни 57.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…