Дома Фудбал Нов дебакл на Барселона. Елиминиранa во четврт-финалето на купот

Нов дебакл на Барселона. Елиминиранa во четврт-финалето на купот

Барселона доживеа нов неуспех. Десет дена откако беа поразени од Реал (4:1) во финалето на шпанскиот Суперкуп, беа елиминирани од Атлетик Билбао во четвртфиналето на Кралскиот куп со 4:2 по продолженијата.

Со тоа се продолжи со серијата лоши резултати сезонава. Бранителот на титулата во Ла Лига има осум бода помалку од лидерот Џирона и седум помалку од второпласираниот Реал по 20 првенствени натпревари.

Баскијците поведоа во 1. минута со голот на Горка Гурузета, но Барселона направи пресврт преку Роберт Левандовски во 26. минута и Ламине Јамал во 32. минута.

Сансет му донесе израмнување на Атлетик во 49. минута, а регуларниот дел заврши 2:2.

Тоа значеше дека ќе се играат продолженија, а во нив Барселона беше поразена од браќата Вилијамс.

Во 107. минута Инаки му донесе ново водство на Атлетик, а во последната минута од второто продолжение Нико ги постигна конечните 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…