Ливерпул е на добар пат да стане најдоминантниот тим во една ПЛ сезона.
Ливерпул реди победи од викенд во викенд. Минатиот на Енфилд со 4:0 беше совладан Саутемптон, што за Црвените беше 15. победа по ред.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Благодарение на победата на Тотенхем над Манчестер Сити, Ливерпул по 25. одиграни кола има 22 бода повеќе од Сити, што е најголема разлика помеѓу првиот и вториот тим во историјата на Премиер лигата.
Тој резултат на Црвените добива на поголемо значење ако се земе во предвид квалитетот на Манчестер Сити. Граѓаните се шампиони во ПЛ последните две сезони и дефинитивно се една од најдобрите екипи на денешницата.
Избраниците на Јирген Клоп се 42 натпревари без пораз и се поблиску се до рекордот на Арсенал од 49-натпреварот без пораз во сезоната 2003/2004.
Инаку, Ливерпул од март минатата сезона, од можни 102 бода освои неверојатни 100 бода. Во меѓувреме, европскиот и светски првак во низата победи го запре само Манчестер Јунајтед. На Олд Трафорд беше 1:1.