Дома Фудбал Англија Ново правило: Јувентус и Челзи мора да се откажат од дури 30 фудбалери!

Ново правило: Јувентус и Челзи мора да се откажат од дури 30 фудбалери!

Европските клубови поради новото правило на ФИФА ќе мора да се ослободат од голем број на фудбалери. Светската куќа на фудбалот одлучи да стави лимит на бројот на фудбалери кои можат да бидат на позајмица.

ФИФА одлучи бројот на позајмени фудбалери да го намали на шест или осум, а два тима во една сезона ќе може да имаат само двајца позајмени фудбалери меѓу себе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова правило ќе стапи во сила од сезоната 2020/21, а многу европски клубови ФИФА ќе мора да се ослободат од голем број на фудбалери.

Така Челзи ќе мора да се ослободи од дури 30 фудбалери, а во слична ситуација е и Манчестер Сити кој на позајмица има 28 фудбалери. Ова ќе биде проблем за европските гиганти бидејќи нема да можат да носат голем број на млади играчи кои потоа ќе ги пуштат на „калење“ во други клубови.

Најмногу на удар ќе биде Аталанта, бидејќи тимот од Бергамо на почетокот на сезоната имаше неверојатни 77 фудбалери под договор, а кои се на позајмица.

И останатите италијански клубови се во слична ситуација, Џенова има 43 позајмени фудбалери, додека шампионот Јувентус во моментов има 30 позајмени фудбалери.

Во Шпанија најголем број на позајмени фудбалери има Реал Мадрид, точно 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…