Пандемијата со коронавирусот продолжува да прави проблеми по најквалитетниот европски ракомет. Најавено е ново одложување, натпреварот помеѓу Веспрем и Барселона кој беше закажан за задутре нема да се одигра.
Одложувањето на натпреварот доаѓа од ткако шпанските ракометари се најдоа во карантин. Ви Барселона прво позитивен на Ковид-19 беше Каспер Мортенесен, а потоа и уште двајца играчи и нивните имиња не се објавени. Барселона во следните денови нема да биде во можност ниту да тренира, ниту да игра натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Веспрем каде што игра нашиот Дејан Манасков ова не е некоја добра вест затоа што доаѓа после убедливата победа над Ѓенѓеш за викендот од 35:25.