Дома Фудбал Ново големо признание за Бензема: Тој е најдобриот Французин во Европа!

Ново големо признание за Бензема: Тој е најдобриот Французин во Европа!

Карим Бензема во својата кариера освои уште едно важно признание, напаѓачот по четврти пат е прогласен за најдобар француски играч кој не игра во Лига 1.

Секоја година членовите на Националниот сојуз на поранешните фудбалери ја доделуваат оваа награда, а Бензема ја освојува четврти пат во кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Л’Екип“ пренесува дека Бензема наградата ја примил во Париз. Ова е само уште едно значајно признание во кариерата на искусниот француски напаѓач.

Сезонава, Бензема со Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство и Копа Дел Реј, а во октомври 2022 му беше доделена „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…