Дома Фудбал Новото засилување на ПСЖ доби порака од навивачите: Не си добредојден кај нас!

Новото засилување на ПСЖ доби порака од навивачите: Не си добредојден кај нас!

ПСЖ вчера и официјално го претстави Лукас Хернандес како ново засилување, кој доаѓа од Баерн Минхен.

27-годишниот Французин доаѓа во Париз од Баерн Минхен во трансфер тежок 50 милиони евра.

Водачот на „ултрасите“, Роман Мабиљ напиша на социјалните мрежи дека Лукас Хернандез не е добредојден во нивниот клуб затоа што во минатото се декларирал како навивач на Олимпик Марсеј.

„Не си добредојден кај нас. Ти си навивач на Марсеј и ќе те потсетуваме на тоа секој ден. Твоите изјави од минатото нема да ги заборавиме“, му порачаа навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кавга во италијанскиот фудбал: Здруженијата му возвратија на Малаго за Манчини

Здруженијата на фудбалери и тренери ги отфрлија тврдењата дека биле против Роберто Манчини…