Дома Фудбал Англија Новост во Англија: Тренерите ќе добиваат жолти и црвени картони

Новост во Англија: Тренерите ќе добиваат жолти и црвени картони

mourinho

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) одлучи во новата сезона да им овозможи на судиите и на менаџерите да им покажуваат жолти и црвени картони.

Картони ќе бидат покажувани на тренерите кои ќе ги прекршат правилата и покрај аут линијата нема да се однесуваат во согласност со правилата, поради картоните им се заканува и суспензија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според новите правила, тренерот кој ќе добие четири жолти картони добива и еден натпревар суспензија, осум жолти картони ќе значат два натпревари суспензија, а 12 три натпревари поминати на трибините.

Исто така, 16 жолти картони ќе значат дисциплинска постапка пред Фудбалската асоцијација и веројатно повеќемесечна суспензија.

„Не сакаме да правиме драма од ова. Сакаме јасно да им покажеме на сите што се случува на стадионот. Прво ова правило ќе го имаме во ЕФЛ купот и ќе биде интересно да се види што ќе се случува“, изјави извршниот директор на ЕФЛ, Шаун Хервеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…