Дома Трансфер зона Нови проблеми за Реал: Бејл нема намера да си замине

Нови проблеми за Реал: Бејл нема намера да си замине

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, воопшто не размислува летово да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бејл не влегува во плановите на Зидан, па Реал Мадрид веќе подолго време се обидува да се ослободи од Велшанецот и од неговата висока плата.

„Мундо депортиво“ пишува дека клубот има план да го продаде Бејл, но сега тој не сакал да ја разгледува таа опција. Имал желба да остане во Мадрид до истекот на договорот, односно до 30 јуни 2022 година.

Велшанецот не сака да се пресели во Кина, а во Премиер лигата ниту еден клуб не е спремен во целост да ја плаќа неговата плата.

Поради тоа Бејл сака да остане во Мадрид до крајот на договорот и како слободен играч да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…