Дома Фудбал Франција Нови проблеми за ПСЖ: Нејмар не игра против Монпелје

Нови проблеми за ПСЖ: Нејмар не игра против Монпелје

Бразилецот Нејмар ќе го пропушти натпреварот на ПСЖ против Монпелје кој е на програмата во среда од 21:00 часот.

Напаѓачот и понатаму има проблеми со повреда па денес го пропушти и тренингот. Тренерот, Кристоф Галтие објави дека се уште не може да се каже кога Нејмар ќе биде целосно спремен.

Од почетокот на вториот дел од сезоната по Светското првенство „светците“ се прилично неубедливи. Изгубија од Ленс и Рен, а пред неколку дена ремизираа со Ремс.

Сепак и со овие резултати тие се лидери на табелата со три бода предност во однос на Ленс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…