Дома Фудбал Нови проблеми за Пике: На негов имот откриена – гpобница!

Нови проблеми за Пике: На негов имот откриена – гpобница!

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, годинава нема многу среќа, не само на фудбалските терени туку и надвор од нив многу работи за Пике не тргнаа во посакуваната насока.

Пике оваа година беше многу во центарот на вниманието, а се започна пред неколку месеци кога беше потврдено дека тој и Шакира повеќе не се заедно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, набрзо потоа дојде нов удар за Пике бидејќи почна да добива се помалку шанса за игра и падна во втор план кај тренерот на Каталонците, Чави Ернандез. Изгледа како да нема крај на лошите вести за фудбалерот на Барселона бидејќи шпанските медиуми објавија вест која изненади многумина.

Имено, познато е дека Пике пред неколку години купил земјиште во близина на Малага каде планирал да изгради луксузен хотел, а работите на него неодамна конечно започнале.

Пике инвестираше дури 20 милиони евра за да го купи ова земјиште на Коста дел Сол и неодамна конечно почна изградбата на луксузен хотел, а потоа дојде нова лоша вест за фудбалерот на Барселона.

Шпанските медиуми објавија дека работата во моментов е стопирана откако на имотот на Пике се пронајдени дури 250 гробници и јасно е дека се морало да се прекине за да се дознае за што се работи. Истражувањата околу тие гpо6ници веќе се започнати и првата цел е да се утврди од кој век датираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …