Дома Македонски спорт Мак фудбал Нови проблеми за Милевски, остана и без Етеми

Нови проблеми за Милевски, остана и без Етеми

Македонската фудбалска репрезентација во понеделник го има првиот собир за мечевите со Грузија во Тбилиси на 23 септември и Бугарија во Скопје на 26 септември, две последни средби во групната фаза во Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски има сериозни проблеми околу тимот, по повредата на Чурлинов, Тихомир Костадинов и Ердон Даци, сега на списокот се придодава и Ваљон Етеми.

Етеми во последните две недели беше одличен во турската Суперлига, но сепак повредата дојде во незгоден момент и за фудбалерот и за репрезентацијата.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за утре од 12 часот, а од списокот отпаднаа и Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пет боксери на Пинк пантер во Лозница, проверка пред штипскиот меморијал

Штипскиот клуб отпатува на меѓународен турнир со тренерот Петар Чурлиновски. Настапот ќе б…